Во саботата дел од граѓаните биле изненадени кога на улицата „Кеј на Револуцијата“ гледале како се вадат и симнуваат поставените лед светилки.

Иако оние кои ги ваделе светилките им објаснувале дека се вадат за да се исчистат тие се сомневаат во нивната приказна.

Како што не информираат, светилките биле вадени а на нивно место поставувани нови, што е знак дека лед светилките што беа поставени пред половина година им завршил векот.

За потсетување само дека Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски во месец Август минатата година потпиша договор со компанијата „Минел Шредер“ од Белград (Република Србија) во вредност на 52.510.000,00 денари или околу 850.000 Евра со кој требаше да се набават нови лед светилки кои ќе ги заменат живините а со тоа ќе се намалат и трошоците за електрична енергија која се плаќа од Буџетот на општината.

Според договорот со тие средства подоцна беа набавени 3.125 лед светилки кои ги заменија постарите живините по улиците во Кочани и Оризари.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари