Во доцните часови во Саботата (07.05.2016 спрема 08.05.2016) по полноќ помеѓу 1:30ч и 2:45ч насилнички е искршено патничко моторно возило марка Honda Civic со кочански регистраски таблички, на тој начин што со тврд предмет од страна на засега непознато/и лице/a се искршени задното ветробранско стакло и направени се видни оштетувања по целата каросерија, со што е нанесена поголема материјална штета и е загрозена сигурноста на сопственикот на возилото.

Настанот е пријавен во МВР п.с. Кочани од каде веднаш е излезено на увид на лице место, констатирана е штетата и во тек е истрага, поточно се превземаат сите мерки од закон за кривична постапка и се контактираат лица кои биле сведоци на настанот.

Се повикуват сите лица кои што имаат било какви информации, како и лица кои биле очевидци на настанот, да дадат информации во најкус можен рок за она што го имаат видено или слушнато за погоре наведениот настан.

Сите информации да се достават до редакцијата на Комарец на e-mail или во inbox на Facebook.

 

13169948_10207816513123667_933410467_o

13214837_10207816514363698_1466461860_o

 

13162395_10207816960334847_2031715888_n

13214779_10207816551124617_1013527425_o

13211072_10207816550764608_1054069570_o

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари