Во Петок со почеток во 17:00 часот во салата на НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани на програмата е „Хуманитарен перформанс“ под мотото „Хуманоста на дело“ наменет за нашиот сограѓанин Методи Митев на кого му се неопходни финансиски средства за неговото лекување во Кина. Перформансот ќе биде проследен со повеќе културни настани.

Поети од Кочани и од други градови на Македонија ќе читаат сопствена поезија со слободна тема. Во склопот на литературното читање планирано е читање и на афоризми од членовите на „Афористичката Репрезентација на Македонија“ – Кочани, Ленче Стоименова и Јане Атанасов.

За време на литературното читање на програмата ќе биде т.н. „Музичка вечер“ низ која посетителите ќе ги води Милена Глигорова а на која ќе бидат изведени песни од големиот Македонски хуманист Тодор Тоше Проески во изведба на пејачите: Петар Малинов, Дарко Стојчов Драгана и Давид Петров, како и изведби на гитара од Ангела Ајтовска и Јован Илиев.

Во пресрет на перформансот, истиот ден  со почеток во 12:00 часот во „Фоаје“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани ќе биде отворена продажна изложба, на која ќе бидат поставени дела од ликовниот уметник Танас Дедов, а ќе бидат поставени и штандови со книги од познати Македонски автори.

Да ја покажеме хуманоста на дело.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари