Кратово беше домаќин на натпреварите од 5-тото коло во Ракометната лига група Исток во кое во женска конкуренција продолжи доминацијата на „Астра спорт“, додека во машка конкуренција и понатака се води „мртва трка“ за првото место.

Резултати во женска конкуренција:

„Торо спорт“ – „Астра спорт“  05:14

„Кочо Рацин“ – „Брегалница“  13:04

На табелата во екипата на „Астра спорт“ со максимален број на совоени бодови 15, пред „Кочо Рацин“ со 12, „Торо спорт“ 3 и „Брегалница“ 0 бодови.

Резултати во машка конкуренција:

„Торо Спорт“ – „Астра спорт“  08:08

„Брегалница“ – „Младинец“  14:21

На табелата води „Торо спорт“ со 10 бодови, пред „Астра спорт“ со 9, „Младинец“ 8 и „Брегалница“ 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари