„Зелен караван“ кој во организација на „Е-ЗЕГИН“ ја минува целата држава, денес престојуваше и во Кочани.

Посетителите во Градскиот Трговски Центар беа пријатни изненадени кога на платото околу фонтаната се појави маскота со ликот на брокула. И додека маскотата шеташе и им мавташе со рацете на посетителите малото прекрасно девојче Ивана шеташе по кафулињата и делеше флаери со кои се информираат сегашните и идните родители „Зошто треба децата да се хранат здраво“?

Како дел од „Зелениот караван“ беше одржана и работилница во детската градинка „Павлина Велјанова“ – Клон 3 каде освен децата од големите групи од 5 и 6 годишна возраст присуствуваа и нивните родители. Присутните беа запознаени со употребата на здрава храна на децата уште од најрана возраст се со цел правилно да се развива нивниот организам.

Инаку со овој проект се опфатени неколку градинки во Република Македонија меѓу кои за среќа се најде и Кочани.

С. Ивановски

DSCN8121

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари