На 13 и 14 Мај во периодот од 20:00 ч. до 03:00 ч. ќе се спроведе првата фаза од овогодишното прскање против комарци.

Запрашувањето ќе се врши од земја, во градот Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

Лицe за контакт: Гоце Серафимов, 072/275-629.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари