Здружението на новинарите на Македонија ги осудува повиците за линч против новинари објавени пред два дена во дневниот весник „Дневник“. Етикетирањето на новинарите Горан Михајловски, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, Сашо Ордановски, Ана Петрушева и Катерина Блажевска како фашисти, криминалци и предавници, од колумнистот Мирка Велиновска, претставува еклатантен пример на говор на омраза и повикување на насилство. Ваквите брутални напади претставуваат смислена стратегија на власта, која преку нејзините мегафони со закани и притисоци се обидува да ги замолчи новинарите.

Велиновска преку непримерен речник за комуникација со јавноста го девалвира угледот и достоинството на професијата, а преку бесмислена дискредитација на новинари атакува врз еснафската солидарност и медиумскиот плурализам.

Предупредуваме дека доколку надлежните институции го толерираат говорот на омраза, тие  стануваат соучесници во евентуално насилство против новинари. Бараме „Јавното обвинителство“ веднаш да покрене постапка против Велиновска, а полицијата да преземе превентивни мерки со цел да се заштитат новинарите од можни напади.

Исто така, бараме „Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги“ јавно да го осуди весникот „Дневник“ поради објавување коментари во кои се повикува на насилство.

Ги повикуваме новинарите да не дозволат да бидат злоупотребени од политиката и да не ги користат медиумите за јавна пресметка со колегите и неистомислениците.

Скопје11.05.2016 година

Здружение на новинарите на Македонија

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари