Во просториите на ОУ „Никола Карев“ се одржа предавање и практична обука за основите на планинарењето.

Воведниот збор на предавањето го имаше Сашко Стефановски, како професор по географија и планинар, а главниот дел од обуката го држеше Љупчо Чучуковски, професионален водич во планина.

2

Тој на учениците им ги претстави главните елементи на личен и технички прибор што мора секој планинар да го има кога оди во планина.

Обуката требаше да ја следат околу 40 ученици од VI-IX одделение, но поради големиот интерес се одржа и второ предавање за околу 60 ученици на возраст од 9 и 10 години.

Наредната средба е закажана практично на „Осоговските Планини“, во зависност од временските услови.

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари