Препознатливите слогани „Нема правда, нема мир“, „Мафија на робија“ и „Дојди и приклучи се“ беа и денес дел од протестот кој „Протестирам“ го реализираше низ улиците на централното градско подрачје во Кочани.

По веќе утврдената маршрута денес се одржа осмиот по ред мирен протест.

Од „Паркот на револуцијата“, преку улиците на „Маршал Тито“ и „Кеј на револуцијата“ со Македонски знамиња дел од граѓаните на Кочани уште еднаш го искажаа својот револт кон оваа власт.

Протестот како и сите досегашни помина во мирна атмосфера без ниту било каков инцидент.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари