Во организација на ФФМ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одигра 5-тото коло од „Развојниот турнир“ – Младинска лига – Исток во женска конкуренција, на кој учествуваа генерациите 2001-2002 и 2003-2004 година.

Освен домаќинот Кочани на турнирот учествуваа и екипите на „Тиверија“ (Струмица), „Габер“ (Кавадарци), „Топ Гол“ и „Конзули“ и двете од Битола.

Резултати во генерација 2001-2002:

„Кочани“ – „Конзули“  4:0

„Топ Гол“ – „Тиверија“  7:2

„Кочани“ – „Габер“  1:0

„Конзули“ – „Габер“  1:0

Резултати во генерација 2003-2004

„Топ Гол“ – „Тиверија“  0:0

„Кочани“ – „Габер“  0:0

„Топ Гол“ – „Габер“  2:0

„Кочани“ – „Тиверија“ 2:1

Во категоријата 2001-2002 прва е екипата на „Топ Гол“ од Битола, а во категоријата 2003-2004 првото место го освои „Тиверија“ од Струмица.

Првопласираните две екипи од Истокот ќе одиграат натпревари со првопласираните две екипи од Западот за првак во Младинската конкуренција на „Завршниот турнир“ што ќе се одигра на терените на ФФМ во Скопје.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари