На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани со одигрувањето на натпреварите од последното коло во „Детската фудбалска лига – Исток“ се спушти завесата на годинешното првенство.

Се играа натпреварите во категориите 2003, 2004, 2005 и 2006 по што беше познат редоследот на екипите учесници.

Сите четири титули во „Детската лига“ ги освоија играчите на „Фудбал Старс“ од Кочани што преставува резултат за почитување.

Генерација  2003 година:

  1. „Фудбал Старс“ (Кочани)
  2. „Брегалница сениори“ (Делчево)
  3. „Кочани“
  4. „Осогово“ (Кочани)

Генерација  2004 година:

  1. „Фудбал Старс“ (Кочани)
  2. „Рудар јуниор“ (Пробиштип)

Генерација  2005 година

  1. „Фудбал Старс“ (Кочани)
  2. „Академија Тошев“ (Оризари)
  3. „Брегалница сениори“ (Делчево)

Генерација 2006 година

  1. „Фудбал Старс“ (Кочани)
  2. „Академија Тошев“

Пехарите на најуспешните им ги врачи Љупчо Папазов – Претседател на ОФС Кочани.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари