Во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење“ за сениори.

Некогашниот член на „Спартак“ од Кочани Иван Јанев кој веќе неколку сезони ги брани боите на „Бучим“ од Радовиш во својата категорија го освои второто место, откако по негова грешка го загуби финалето до кое стигна со три победи сите со технички туш.

„Задоволен сум но истовремено и разочаран од освоеното второ место. Во финалето во кое се водеше изедначена борба со борачот на Лирија при резултат 2:2 освоив нови два поени, но направив голема грешка и му дозволив на противникот од моја акција да освои поени што на крајот заврши со 6:4 во негова полза.“ беше изјавата на Јанев веднаш по завршувањето на првенството.

Екипно првото место го освоија борачите на „Лирија“ со два поени предност пред „Бучим“, а третопласиран е „Тефејус“.

По завршувањето на првенството се случи повторно инцидент кога дел од борачите и тренерите на „Тефејус“ нападнаа дел од обезбедувањето.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари