Ниту ситниот дожд не ги спречи граѓаните на Кочани, предводени од здружението „Протестирам“ да излезат на улица и уште еднаш со познатите слогани го искажат својот револт кон оваа власт.

Револуционерите – протестанти и овој пат тргнаа од „Паркот на Револуцијата“ па преку улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ пристигнат ка „Големите скали“ кај паркиралиштето на ГТЦ.

2

Членовите на „Протестирам“ запалија факели во разни бои со кои уште еднаш ја симболизираа „Шарената Револуција“.

Пред и после обраќањето на неколку граѓани пред насобраните запеаја тројцата членови на „Белизе Бенд“, кои пеејќи ја песната од „Бушавата азбука“ застанаа на буквата „Ж“ каде го испеаја сека веќе нивниот хит „Земјо ЖМРОвска“.

5

И овој пат протестантите се однесуваа достоинствено кон објектите во градот, и овој пат не беше фрлено ниту едно парче боја, со што уште еднаш покажаа дека сето она што е наше заедничко и направено од наши заеднички пари тие знаат да го почитуваат.

С. Ивановски

3

 

4

6

7

 

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари