Здружението „Општински Спортски Актив Кочани“ (ОСА-Кочани) е добитник на проектот – „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на Езерото – Гратче“, преку Програмата за „Зачувување на природата во Македонија“.

Програмата за „Зачувување на природата во Македонија“, е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на „Брегалничкиот регион“. Програмата поддржува исто така и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто.

Проектната идеја е насочена кон подобрување на капацитетите на локалните засегнати страни за зачувување на природата и одржливо  користење на природните ресурси во „Брегалничкиот регион“, подигнување на совеста за зачувување на природата и промоција за одржливо управување со природните ресурси.

5

Главна цел на проектот е заштита на биолошката разновидност и природата низ промоција и одржливо користење на водопадите на езерото „Гратче“.

Посебно локалитетот „Голем водопад“ на езерото „Гратче“, ќе биде одлична атракција за посета од страна на локалното население, домашните и странските туристи и одлично катче за едукација на младите за природните вредности на овој регион.

2

За побрзо пронаоѓање на „Големиот водопад“ од страна на посетителите, изработени се Инфо табли, расчистена е патеката до и околу водопадот, поставени се патокази а во план е и подготовката за поставување на посебни корпи за отпадоци, клупи околу водопадот и изградба на видиковец со посебна заштитна ограда.

3

4

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари