На 13 и 14 мај, во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот се спроведе првата фаза од овогодишното прскање против комарци во Кочанско.

„Запрашувањето се изврши во градот Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари, како и во селото Бели, на територија од околу 300 хектари. Оваа превентивна дезинсекција се вршеше од земја, со широкопојасен инсектицид, а ја изведе Центарот за јавно здравје од Битола“ изјави Гоце Серафимов од Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.

Во наредниот период претстојат уште три прскања од земја и едно авионско.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари