Со одигрувањето на натпреварите од 22-рото коло, денес и официјално се спушти завесата на годинешното првенство во Третата Фудбалска Лига – Исток.

„Жетварите“ со головите на Данилов 3’Манов 24’57’ и Андонов 78’ ја совладаа мошне добрата екипа на „Работник“ со 4:2 (2:0). Околу стотината гледачи по убаво и сончево време имаа можност да проследат доста квалитетен и преди се отворен и ефикасен натпревар. Иако на полувремето домаќините имаа предност од два гола, во ниту еден момент не беа спокојни за победата преди се поради мошне добрата игра на гостите, кои благодарение на головите на Тодоров 46’71’ секој пат беа во игра да освојат барем еден бод во Кочани.

2

На останатите терени ревија од голови. Во можеби најзначајниот натпревар во ова коло „Каменица Саса“ славеше како гостин во Делчево со што „рударите“ го сочуваа третолигашкиот статус.

Комплетни резултати од 22-рото коло:

„Осогово“ – „Работник“  4:2

„Слога 1934“ – „Напредок Здравје“  4:3

„Брегалница Голак“ – „Каменица Саса“  2:4

„Баби“ – „Беласица“  6:5

„Плачковица“ – „Академија Пандев“  0:1

„Карбинци“ – „Овче Поле“  1:1

Шампион во Третата Фудбалска Лига – Исток е екипата на „Академија Пандев“ со 62 освоени бода, пред „Плачковица“ 47, „Беласица“ 38, „Работник“ 34, „Овче Поле“ 32, „Напредок Здравје“ 30, „Осогово“ 29, „Брегалница Голак“ 28, „Баби“ 25, „Каменица Саса“ 23, „Слога 1934“ 22 и „Карбинци“ 4.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари