Во Петок, на 20 мај, со почеток во 18:00 часот во фоајето на Економскиот факултет во Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани, рецитал на флејта ќе приреди Тамара Лазарова.

Пред кочанската публика Лазарова ќе настапи со дела од Моцарт, Телеман, Бартон, Доплер, во пијано соработка со Гордана Тренчева Јанкова. Гости на концертот се Димитар Лазаров (виолина) и Марија Лазарова (пијано).

Тамара Лазарова е ученичка во трета година во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на професорката м-р Елена Мирасчиева, а основното музичко образование Лазарова го стекна во училиштето „Ристо Јуруков“ во Кочани.

84ba839a-eb36-45bc-8e55-d6ec81448dea

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари