Триесет ученика од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани се пласираа на првите три места во различни категории и со изведба на различни инструменти на неодамна завршениот „Државен натпревар на млади музичари 2016“ што се одржа во Скопје.

Во настапите на пијано, виолина и солфеж, виолина, гитара и солфеж, флејта, хармоника, и солфеж тие вкупно освоија 9 први (Снежана Трифунова, Лана Јосифова, Луна Милосова, Ангела Ѓениќ, Иван Ристиќ, Уна Гранкова, Иван Милосов, Тамара Охомуш, Андреј Петров), 9 втори (Јован Филипов, Викторија Петрова, Ана Ѓорѓиевска, Лидија Герова, Бојана Николова, Христијан Јованов, Бојан Костовски, Михаил Митев, Сара Стојилкова), 11 трети места (Ана Митева, Моника Стојанова, Данче Ајтовска, Мери Манасиева, Бисера Маркова, Јована Благонова, Симон Велинов, Кристијан Ставрев, Филип Стоименов, Љупче Митев, Виктор Георгиев)и 1 ученик доби посебна Пофалница (Елена Чучуковска).

Несомнено дека и оваа година според постигнатите резултати на учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани ќе може да се прогласи за доста успешна, впрочем континуитетот во освојување на високи признанија стана еден од најпрепознатливите белези на ова музичко училиште.

Дознаваме дека по завршувањето на екскурзиите на медиумите ќе им се овозможи средба со наградените, нешто што тие го заслужуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари