Со мала свеченост, а во присуство на гости од локалната самоуправа и некогашни вработени, денес во кругот на ТППЕ – Кочани се одбележа 20-ти Мај, „Денот на пожарникарите“.

На вработените во ТППЕ Кочани празникот им го честитаа а воедно и ги поздравија Јордан Димитров – Претседател на Советот на Општина Кочани и Петар Апостолов – Секретар на Општина Кочани.

2

Во своето обраќање и двајцата ја потенцираа спремноста на пожарникарите да интервенираат во секој момент и навремено, но и тоа дека тие и понатака ќе ја подржуваат единицата во нејзината изградба на противпожарна служба по европски норми и стандарди чија примарна цел ќе биде заштита на населението и околината од пожари.

3

Дејанчо Арсов – Командирот на ТППЕ – Кочани најпрвин ги поздрави и им се заблагодари на присутните за посетата, а потоа во своето обраќање ги информираше присутните дека ТППЕ – Кочани во минатата година имала 238 интервенции што е за 30% повеќе од претходната година. Бројката е загрижувачка ако се знае дека освен временските услови големиот број на предизвикани пожари се од човечкиот фактор.

На крајот на средбата добрите домаќини за своите гости организираа пригодно коктел – дружење.

С. Ивановски

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари