Вечерва во Фоајето на „Економскиот факултет“ во Спомен-домот АСНОМ во Кочани се одржа најавениот рецитал на флејта на нашата сограѓанка Тамара Лазарова.

Тамара и нејзината флејта во соработка со Гордана Тренчева Јанкова на пијано пред кочанската публика се претставија со дела од Моцарт, Телеман, Бартон  и Доплер.

2

Вистинско освежување на самиот рецитал предизвика настапот на семејното трио Лазарови: Тамара (флејта), Димитар (виолина) и мама Марија (пијано) кое уште еднаш вечерва ги воодушеви присутните.

Инаку Тамара Лазарова која основното музичко образование го стекна во ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, моментно е ученичка во трета година во Државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“во Штип во класата на професор м-р Елена Мирасчиева.

С. Ивановски

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари