Во рамките на 17-тото коло од Првата Фудбалска Лига за жени екипата на „Кочани“ со 4:3 (3:1) славеше на гостувањето кај „Конзули Јунајтед“.
Натпреварот се одигра на игралиштето „Павел Шатев“ во Битола а кочанчанки до триумфот дојдоа со головите на Анета Ѓорѓиева во 7’ и Кате Милеска во 28’37’64’. Головите за домашните ги постигнаа Талимџиоска 29’ Талевска 71’ и Ацеска 90’.
Н другите два натпревари „Тиверија“ славеше против „Борец“ 2:0 а натпреварот „Речица“ – „Топ Гол“ заврши со победа на битолчанки од 4:3.
Шампионот во годинешното првенство „Драгон“ на барање на екипата на „Ас Јунајтед“ го одложи натпреварот и истиот ќе се одигра во Вторник (24.05.2016 година).
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.