На денешен ден точно пред 20 години младинската екипа на ФК „Осогово“ го постигна еден од најголемите успеси на кочанскиот фудбал, станаа победници на Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија, откако во финалето го совладаа соодветниот состав на „Саса“ од Македонска Каменица со 2:0 (2:0) и го освоија драгоцениот пехар.

Прелистувајќи ги сега пожолтените страници на тогашните дневни и неделни изданија констатацијата е една и единствена, пехарот заслужено се најде во витрините на ФК „Осогово“.

3

Тогаш пред 20 години пишуваше:

Финале од Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија. „САСА“ – „ОСОГОВО“ 0:2 (0:2). Скопје. „Градски стадион“, гледачи – 2.000. Судија: Ангел Бунгуров (Кавадарци). Стрелци: Зоран Шуманов 7’34’. Жолти картони: Трајановски, Ивановски (Саса), Алчинов, Јорданов (Осогово).

„САСА“ – Георгиевски, Трајановски, Јовановски, И.Миленковски, Ивановски, Љ.Арлампиевски, Д.Јовановски (Сандев), Д.Арлампиевски, Китановски, Д.Миленковски, Спиридонов (Георгиев).

„ОСОГОВО“ – Алчинов, Иванов, Богатинов, Сенов, Стојанов, Јорданов, Јанев, Трајанов, Шуманов, Крстев, Соколов.

Тогаш во извештајот на „Нова Македонија“ пишуваше: Четвртиот пехар од Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија заслужено му припадна на „Осогово“. Кочанчани поведоа во раната фаза на играта со голот од слободен удар на Шуманов. Играчите на Каменица се обидуваа да го израмнат резултатот, но екипата на „Осогово“ играше сигурно. Кога во 34’ Шуманов по втор пат го матираше Георгиевски беше јасно кој ќе го освои пехарот.

2

До крајот на натпреварот играта во главно се одвиваше на средината на теренот а по последниот свиреж на мошне добриот судија Бунгуров започна славеничката атмосфера во таборот на кочанчани.

Пехарот на капитенот на „Осогово“ Крсте Крстев му го предаде Трајче Маџоски член на УО на ФСМ.

Чисто онака, да се знае, да се памети.

Благодарност до Симеончо Митев за податоците (Составот и основни податоци) што ни ги достави. Сите што не се спомнати можат слободно да се јават за да се додадат во текстот.

С. Ивановски

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари