Во организација на „Сојузот на извидници на Македонија“ од 20-24 Мај во селото Орел (Општина Свети Николе) беше организиран еко-камп за извидниците почетници.

На кампот учествуваа извидници од Кочани, Скопје, Делчево, Штип и Свети Николе, како и од САД и Франција.

Кочанската експедиција броеше 25 ученика од Основните училишта „Раде Кратовче“, „Никола Карев“ и „Малина Попиванова“ како и тројца наставници: Благој Петров, Сашко Стефановски и Драги Рашков.

14

Ориентација во простор, истражување на биодиверзитетот, поставување замки за животни и ракување со лак стрела беа содржините кои извидниците со воодушевување ги изучуваа.

Побогати со нови искуства извидниците следната средба ја закажаа за време на летниот распуст а истата ќе се одржи во Охрид.

С. Ивановски

17192324

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари