Осум каратисти, членови на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани, во склоп на Репрезентацијата на Македонија заминаа за Белград (Република Србија) каде од 27-29 Мај ќе учествуваат на „21-вото Балканското првенство за деца“ во кати и борби.

Мартина Шахинова, Горги Петров, Роберто Здравковски, Кристијан Грозданов, Ангел Митев, Ива Таушанова, Давид Пецов и Благоја Тасески ќе се обидат достојно да го претстават кочанското карате и како многупати досега да не израдуваат со освојување на некоја од медалите.

На „21-вото Балканско првенство за деца“ репрезентацијата на Македонија ќе биде најбројна, бидејќи нејзините бои ќе ги бранат вкупно 119 каратисти.

Во очекување на добри вести од Белград на нашите претставници им посакуваме добри настапи и многу среќа при жрепката.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари