По повод добиените награди и признанија на „Државниот натпревар на млади музичари 2016“ што се одржа во Скопје а на кој триесетина ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани се здобија со награди, вечерва во „Фоајето“ на Пионерскиот Дом „АСНОМ“ се одржа Завршен концерт под мотото „Концерт на наградени ученици“.

На концертот продефилираа сите ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, кои со освојувањето на големиот број на награди ја одбележаа минатата учебна година.

„Завршниот концерт“ на кој присуствуваа голем број роднини и пријатели како и љубители на убавата музика предизвика воодушевување кај сите присутни, бидејќи младите музичари од Кочани уште еднаш на дело го искажаа сиот свој музички талент.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари