Екипата на ЖФК „Кочани“ утре (Петок) го игра последниот натпревар во годинешното првенство на Првата Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки ќе ја угостат екипата на „Речица“.

Натпреварот започнува во 15:00 часот, а правдата ќе ја дели судиската тројка од Кочани, главен судија Спире Арсов и помошниците Горан Ѓоргиев и Богданчо Ѓеоргиев. Контролор на натпреварот е Драганчо Димитровски.

На другите натпревари во последното 18-то коло се среќаваат:

„Борец“ – „Драгон 2014“

„СЦ Истатов 2015“ – „Тиверија“

„Ас Јунајтед“ – „Конзули Јунајтед“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари