По доста топло време „Кочани“ би „Речица“ го одиграа последниот натпревар од годинешното првенство во Првата Фудбалска Лига за жени.

Кочанчанки како и што се очекуваше славеа со 4:1 (3:1) во натпревар кој брзо ќе се заборави.

Домаќинките рано постигнаа два гола (Милеска 6’9’) по што повеќе гледаа да ја држат топката во своите нозе отколку да атакуваат кон противничкиот гол. Но и во таква индолентна а на моменти и досадна игра сепак во 21’ со голот на мошне добрата Чубриноска поведоа со 3:0.

Но упорните гостинки кои неколкупати се заканија успеаја во 29’ со голот на Каровска да го намалат високото водство на 3:1 што беше и резултат од првото полувреме.

Во второто полувреме играчите од двете екипи играа незаинтересирано и како да чекаа што побргу натпреварот да заврши. Во таква игра без игра беше постигнат само уште еден погодок кој е дело на Милеска во 78’.

Се на се, натпревар што бргу ќе се заборави а со оглед на најавите дека ЖФК „Кочани“ од следното првенство ќе има целосен „ремонт“ на екипата можеби овој натпревар беше и последен за голем број на играчи.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари