Здружението на граѓани „Протестирам“ под мотото „Не ви се плашиме“ и денес протестираа низ улиците на Кочани со крајна дестинација, скалите кај големиот паркинг на ГТЦ.
Протестот како и сите досегашни помина во мошне мирна атмосфера а кај крајната дестинација кон присутните се обратија Марија Атанасова, Пратеникот Миле Андонов и досегашниот Заменик Министер за земјоделство Љупчо Николовски.
„Ние не боиме ништо, ниту улиците ниту зградите, ниту тротоарите бидејќи сето тоа е наше, на граѓаните на Кочани од чии средства сетоа тоа се направи. Ние тоа нема да го боиме но ве уверуваме кога ќе мсе смени оваа ненародна Влада уште многу заеднички инфраструктурни објекти ќе изградиме. Ќе ги изградиме бидејќи тие и те како им се потребни на граѓаните на Кочани“ беше дел од обраќањето на Андонов.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.