Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во „Б“ лигата во женска конкуренција.

Настапија вкупно 112 гимнастичарки од кои 9 членови на КГС „Кочани“, кои натпреварувањето го завршија со само еден освоен медал.

Сребрениот медал го освоија во категоријата „постари пионерки“ – екипна конкуренција, додека во поединечна конкуренција останаа без медали.

 

„Задоволен сум од настапот на девојчињата во поединечна конкуренција бидејќи тие го постигнаа она што во моментот од нив и се очекуваше. Не е никакво оправдување ако кажам дека некои од девојчињата за прв пат имаа настап на едно вакво натпреварување, други поминаа во повисоките категории а некои се префрлија во „А“ лигата“ беше изјавата на Николче Колев – тренер на КГС Кочани.

Следниот натпревар ќе се одржи на 19 Јуни исто така во Битола кога настап ќе имаат момчињата и девојчињата во „А“ лигата и момчињата во „Б“ лигата.

С. Ивановски

5

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари