Во организација на Ротари Клубот „Кочани – Виница“ на 02 и 03 Јуни во просториите на „Екопроект-Ко“ ДОО Кочани во м.в. Соколовица број 1 во населбата Оризари во периодот од 08:00 – 16:00 часот ќе се одржи акција за собирање на електричен и електронски отпад.

Со цел да се создаде здрава околина за живеење ваквиот тип на отпад потребно е да биде предаден во центар кој подоцна истиот ќе го рециклира и ќе создаде суровина за нов производ.

Во електричен и електронски отпад влегуваат големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електричен и електронски алат, играчи и опрема за забава и спорт, медицински апарати како и инструменти за следење и контрола.

Донесениот отпад од страна на физички и правни лица е без надомест.

„Екопроект“ ДОО Кочани под мотото „Вистински избор за Вашата иднина“ ја подржува акцијата за собирање на нефункционална опрема во компаниите во кои рокот на употреба на оваа опрема е завршен и е складиран во магацини како и на опремата во домаќинствата кои повеќе истата не ја употребуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари