ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРОМЕТНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

октомври 7, 2022
0 минути

Сезонски работници ангажирани од Општина Кочани деновиве ги чистеа тротоарите од обрасната вегетација и ги уредуваа патеките во Стариот парк.

Според комуналниот инспектор од Општина Кочани исчистени се дел од тротоарите на улиците „Павлина Велјанова“, „Роза Петрова“ (населба Валог), „Февруарски поход“, „Тодосија Паунов“ (од СОУ „Гошо Викентиев“ до влезот во Оризари) и тротоарот од Подлошката раскрсница до селото Горни Подлог.

Идната седмица ќе продолжи уредувањето на јавно прометните површини и во централното градско подрачје и на периферните делови од Кочани.

Општина  Кочани