Во организација на Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој „Еко-Логик“ од Скопје и Училишниот спортски клуб „Тркало“ од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, а со цел промоција на велосипедот како безбедно еколошко средство, денес во дворот на ОУ „Раде Кратовче“ се одржа настан со натпреварувачки карактер насловен како „Велосипедско родео“ кое пак е дел од Проектот „Едукација за велосипедизам преку теорија и пракса“.

2

На настанот учествуваа екипи составени од по пет члена (две девојчиња и три момчиња) од основните училишта на општините Кочани, Зрновци и Чешиновио-Облешево.

Сите натпреварувачи како задача имаа да поминат 15 вежби поставени во 7 реда.

Учесниците од сите тимови покажаа едно големо познавање со управување на велосипедот, но и поминување низ поставените препреки.

3

Посебно внимание кај гледачите предизвикаа дисциплините: вело кошарка, клацкалка, клекнување и тресење што не значи дека и останатите вежби не беа интересни бидејќи од натпреварувачите бараа смиреност, прецизност и навремено влегување во целта.

На крајот меѓу сите успешни, имаше и најуспешни. Првото место го освои екипата на ОУ „Малина Попиванова“ пред екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, додека третото место му припадна на ОУ „Раде Кратовче“.

Овој проект освен во Кочани досега единствено се има организирано во училиштето „Песталоци“ во Скопје.

С. Ивановски

4

 

5

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари