Членовите на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, со златен медал се вратија од II Меѓународен Фолклорен Фестивал „Сапарева Бања 2016“ кој се одржа во Сапарева Бања (Република Бугарија).

На фестивалот учествуваа 80 групи од Република Бугарија, како и две од Република Македонија. Освен ФА „Љупчо Сантов“ дел од Македонскиот фолклор презентираа и членовите на ФА „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Златниот медал, односно првото место фолклористите на „Љупчо Сантов“ го освоија во категоријата „Танцови состави со обработен фолклор“ каде се претставија со ората „ „Доце, Доце“ и „Шопска петорка“.

С. Ивановски

13340518_10209380410897497_863651218_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари