Од натпреварувачката 2016/2017 година петте трети ќе можат да го зголемат бројот на екипите од 12 на 14 или 16 во зависност од одлуката што ќе ја донесе УО на соодветната Трета Фудбалска Лига.

Така одлучи ФФМ а Одлуката излезе во „Мак Фудбал“ од 05.03.2016 година.

Според оваа одлука во следното првенство наместо да се играат вкупно 22 натпревара, екипите ќе играат 26 или 30, во зависност со колку екипи ќе им започне првенството.

Што се однесува до Третата Фудбалска Лига – Исток според моменталната состојба од 12 неа ја сочинуваат 9 (девет) екипи („Академија Пандев“ е второлигаш, а „Карбинци“ и „Слога 1934“ испаѓаат од лигата) што значи се отвора простор за нови 5, односно 7 екипи.

Засега е сигурно дека нови третолигаши се „Напредок Кит-Го“-Штип (ОФС Штип), „Малеш“-Берово (ОФС Кочани), „Рудар“-Пробиштип (ОФС Пробиштип), и „Тиверија“-Струмица (ОФС Струмица). Барање за играње во Третата Фудбалска Лига – Исток досега има поднесено „Слога 1934“ (ОФС Кочани) а интерес имаат и „Василево“ (ОФС  Струмица) и „Детонит“-Радовиш (ОФС Струмица).

Овие 7 екипи со постојаните 9 ќе ја сочинуваат новата Трета Фудбалска Лига – Исток, така стојат моментно работите а што ќе произлезе по одржувањето на состанокот на УО на Третата Фудбалска Лига – Исток ќе видиме.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари