По повод 5-ти Јуни, патрониот празник на ОМУ „Ристо Јуруков“ вечерва учениците и наставниците на училиштето приредија музички концерт.

Амфитеатарот на Правниот факултет во Пионерскиот Дом  „АСНОМ“ во Кочани беше претесен да ги прими сите оние кои што дојдоа и сакаа да уживаат во музиката што ќе им биде понудена.

3

Гостите ги поздрави Директорот на ОМУ „Ристо Јуруков“ Елизабета Ѓеоргиева, а воедно го претстави и ученикот на генерацијата, Ана Даневска од класата на проф. Драгана Трифуновиќ.

Солистите на пијано, виолина, хармоника и флејта, училишниот оркестар на наставниците и учениците како и двата хора на училиштето изведоа познати композиции во кои сите присутни уживаа во она што им беше понудено.

С. Ивановски

2

4

5

6

7

8

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари