Со донесувањето на првиот количини на електронски отпад во складиштето на „Екопроект-Ко“ – Кочани, и официјално започна реализацијата на проектот за собирање на електронски и електричен отпад, кој компанијата во соработка со Ротари Клуб „Кочани-Виница“ и „Е-отпад“ од Скопје за прв пат се организира во Источниот регион на Република Македонија.

Според новиот закон, електронскиот и електричниот отпад не смее да се фрла , туку истиот треба да се предаде на овластен центар кој потоа ќе го пренесе на понатамошна рециклажа преку која ќе се создаде суровина за нов производ.

DSCN0569

За што поуспешно спроведување на овој проект, „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани на повик од Владата на Република Македонија, се пријави за ангажирање на експерт од областа за заштита на животната средина и управување со отпад од пакување. Така во периодот од 29.05 – 12.06, „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани е домаќин на странски експерт од Швајцарија, Франц Сталдер со чија помош би се стекнале со нови знаења и искуства околу собирањето на електронскиот и електричниот отпад.

С. Ивановски

DSCN0585

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари