Изградбата на „Ламела 2“ во месноста „Драчевик“, во која становите ќе бидат наменети за лицата со социјален ризик и други ранливи категории е повеќе од 60% завршена, а како што течат работите објектот целосно ќе биде завршен многу порано од предвидениот рок.

Според Анче Трифунов – Раководител на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“ – Подружница Кочани, објектот кој започна да се гради на 17.08.2015 година според договорот треба да биде завршен до 17.08.2017 година, но како што тече динамиката, објектот целосно ќе биде завршен до крајот на оваа или самиот почеток на наредната година.

2

Објектот со површина од 1.621м² располага со 43 станбени единици со површина од 35м² до 45м², а на самото приземје се градат простории (канцеларии) во кои ќе бидат сместени вработените од АД „ За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“ – Подружница Кочани.

Откако објектот ќе биде целосно изграден и истиот добие „Имотен лист“, од страна на Комисија на Владата на Република Македонија ќе биде распишан Оглас и оние што ќе сакаат да конкурираат документите, односно апликациите ќе ги поднесуваат до „Центарот за Социјални работи“ во Кочани.

С. Ивановски

3

4

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари