Скандалозната изјава на поранешниот премиер Никола Груевски за проблемот со откупот на оризот дека е виновен СДСМ, е последното понижување за оризопроизводителите кои очекуваат помош од државата.

Наместо да понуди излезни решенија преку интервентен откуп на ориз, согласно Законот за земјоделство, или преку економските промотори да изнајде нови пазари, Груевски се служи со лаги и манипулации на чесните земјоделци.

Го потсетуваме Никола Груевски за сечењето на лента на најголемиот откупувач на ориз, како што ја најави турската инвестиција „Левидиагро“ минатата година кога изјави дека проблемот со пласманот на оризот ќе биде решен.

Каде е сега оваа инвестиција, зошто не се откупува оризот на земјоделците?

Го потсетуваме исто така дека со посредство на министерството за земјоделство беше договорена и цената на белиот ориз за 50,00 денари килограм и 25,00 денари за арпа.

Ништо од ова не се реализира, се остана само лага и празно ветување на владата.

Тоа е начинот на кој ВМРО ДПМНЕ владее изминативе 10 години.

Со понижување и уцена на земјоделците, а за нерешените проблеми во аграрот, сите се виновни само не владата.

Остро реагираме и на поделбата на земјоделците по партиска линија. Тие за нас прво се земјоделци, а потоа членови или симпатизери на одредени партии.

DSCN0800

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари