Додека се гради „Ламела 2“ во која 43-те станбени единици ќе бидат наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории, се јавуваат проблеми кај дел од станарите кои веќе имаат добиени станови во „Ламела 1“.

Имено, како што не информира Анче Трифунов – Раководител на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“ – Подружница Кочани, во „Ламела 1“ има 29 стана а сопствениците имаат потпишано договори за нивно користење на период од 5 (пет) години кои договори истекоа на 30.04.2016 година.

Потпишувањето на нови договори за продолжување на користење на становите требаше да започнат веднаш по завршувањето на крајниот рок на претходните договори, но како беше распишано одржување на избори, оваа процедура беше стопирана. Со не одржувањето на избори процедурата за потпишување на нови договори почна да тече.

За продолжување на договорите станарите имаат неколку предуслови: да сеуште немаат никаков недвижен имот во сопственост како и уредно да ги имаат платено кириите, комуналните трошоци и трошоците за заедничка употреба.

Комисијата кога ќе ги согледа сите документи, таа ќе се произнесе за тоа кои сè станари ги исполнуваат условите за продолжување на нови петгодишни договори. Оние станари кои не ги исполнуваат бараните услови ќе бидат иселени, а за слободните станови ќе има објавено нов оглас.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари