Во Петок (10. Јуни) со почеток во 19:00 часот во „Фоаје“ на НУ Центар за Култура „Бели Мугри“ во Кочани, Здружението на граѓани „Афористичка Репрезентација на Македонија“ ќе ја промовира книгата „Будење на петелот“.

Во книгата се поместени над 300 илустрирани афоризми од повеќе автори од Балканот и Русија.

Изборот на афоризми го има направено Миле Ѓорѓијоски а истите ги илустрира Миро Георгиевски.

Промотор на книгата е Јане Атанасов а истата ја издава „Орион“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари