„Перспективата на младите во малите средини“ беше темата на десеттата јавна дискусија која во организација на Здружението „Диверзити Медиа“ а со поддршка на „Алсат“ телевизија, денес се одржа во малата сала на НУ Центар за Култура „Бели Мугри“ во Кочани, како дел од проектот „Локал Дискусии“.

Со свое мислење на оваа актуелна тема дебатираа Драгана Митровиќ – креатор на младински политики, Миле Лефков – професор, Иван Коцев – младински активист и Илија Стефановски – новинар.

Целта на дискусијата беше јавно да се проговори за важни теми во општественото живеење при тоа давајќи им право на сите слободно да го изразат своето мислење од причина што граѓаните на Македонија ретко имаат можност да дебатираат на актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност во Македонија.

Само со ваквите дискусии ќе може активно да се придонесе во решавањето на проблемите и подобрувањето на животните услови на локално ниво.

Дискусијата иако беше од јавен карактер, отворена за публиката, сепак малкумина присуствуваа на истата.

С. Ивановски

22

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари