На денешната свеченост која се одржа во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани беа доделени наградите и признанијата на најуспешните екипи и поединци како и на наставниците кои учествуваа во „Општински училишни лиги“ во футсал, ракомет и кошарка во учебната 2015/2016 година.

Победник во Општинската училишна лига во „Футсал“ е екипата на ОУ „Никола Карев“. Второто место и припадна на екипата на ОУ „Раде Кратовче“ а третопласирана е ОУ “Малина Попиванова“.

3

Јован Манев (ОУ „Никола Карев“) ја понесе титулата „Најдобар играч во футсал“

Во „Ракомет“ првото место го свои екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ пред ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Малина Попиванова“ а за најдобар ракометар беше прогласен Иван Јангелов (ОУ „Св. Кирил и Методиј“)

Во кошарка натпреварувањето беше во машка и женска конкуренција.

И во „Машка конкуренција“ и во „Женска конкуренција“ првото место го освоија екипите на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ пред ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Никола Карев“.

Стефан Стојменов (ОУ „Св. Кирил и Методиј“) беше прогласен за најдобар кошаркар, а Љупка Симеонова (ОУ „Св. Кирил и Методиј) за најдобра кошаркарка.

Признанијата и наградите им ги врачи Голубинка Георгиева – Раководител на одделението за јавни дејности при Општина Кочани.

С. Ивановски

4

5

6

7

8

9

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари