Со доделувањето на Признаија и Благодарници на територијата на Општина Виница денес и официјално заврши годинешниот проект „Биди модерен, селектирај паметно“ што го организира Компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани.

Денес од вработени на компанијата беа посетени ОУ „Славчо Стоименски“, ПУ во Истибања и Јакимво, како и Детската градинка „Гоце Делчев“, каде на дечињата им беа врачени заслужените признанија, а им беа доделени и производи од Компанијата „Макпрогрес“ од Виница како и спортски реквизити и топки кои ќе ги користат во наредната учебна година.

2

Компанијата „Еко-Пак Хит“ – Кочани одржа неколку едукативни кампањи во кои беа вклучени учениците од прво до четврто одделение, како и дечињата од Детската градинка а потоа се спроведоа интерактивни работилници на кои беа размените мислења од сите учесници.

Според она што го дознавме од Компанијата „Еко-Пак Хит“ тие се задоволни од ваквата акција бидејќи беа опфатени голем број на ученици а со нејзиното спроведување учениците веќе научиле да го селектираат отпадот, да ги користат правилно контејнерите во боја, да го објаснат процесот на рециклирање како и потребата од штедење и чување на околината.

С. Ивановски

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари