По иницијатива на Полициска станица – Кочани, а во соработка со „Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата“ – Кочани, Мото Клубот „Осоговски возачи“ и Општина Кочани, денес низ улиците на Кочани се одржа „Мото дефиле“ како дел од Проектот „Недела на безбедност на мотоциклистите во сообраќајот“.

На дефилето учествуваа околу стотина мотоциклисти кои возеа по улиците во централното градско подрачје.

Стартот беше од „Градскиот плоштад“, па преку улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ мотоциклистите стигнаа на целта, на паркингот кај платото во Градскиот Трговски Центар.

„Мото дефилето“ предизвика големо внимание кај кочанчани, посебно кај помладата популација а Полициска станица – Кочани одлично го организираше настанот.

С. Ивановски

DSCN1240

DSCN1260

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари