Во организација на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија а во соорганизација на Боречкиот Клуб „Бучим“, во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење за кадети“.

На првенството единствено не се појавија борачите на БК „Балканец“ од Штип а на душекот продефилираа 48 борачи од сите останати клубови во Македонија.

Екипата на „Спартак“ од Кочани на првенството учествуваше со еден натпреварувач, Столе Ефтимов кој во категоријата до 76 килограми го освои првото место и се закити со титулата „Државен првак на Македонија“

Ефтимов имаше импресивен настап бидејќи сите пет противници во исто толку борби ги победи со технички туш и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Сето она што овој млад борач го „вложи“ во овој спорт полека но сигурно почна да ги дава посакуваните резултати. Ако Ефтимов продолжи во истиот ритам нема да биде далеку ниту денот кога со медал ќе се врати од некое поголемо натпреварување.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари