Седумдесетина планинари од планинарските клубови во Македонија заедно со своите домаќини од Планинарското Друштво „Осогово“ од Кочани, во неделата по 9-ти пат учествуваа на „Планинарскиот марш“ од „Пониква“ до „Царев Врв“.

Прекрасните временски услови допринесоа растојанието во вкупна должина од 35 километри сите учесници го поминат и сите да се искачат на целта, на „Царев Врв“ висок 2.085 метри.

Задоволството од еден ден дружење на голем број љубители на планинарењето беше причина повеќе да си закажат и следната година средба на истата релација, со истата цел и во многу поголем број.

С. Ивановски

3

5

6

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари