За 25-ти Јуни (Сабота) закажана е „Златна генерациска средба“ – 50 години Матура на генерацијата 1965/66 од Гимназијата „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Во Поканата упатена до матурантите меѓу другото се вели: „Со духот и расположението од нашата младост ве покануваме на другарска средба. Очекуваме дека систе сме во пензија и дека сме слободни и расположени за генерациско дружење на 25 Јуни (Сабота) 2016 година. Досега сме одржале повеќе средби со променлив број на учесници, но природното намалување нема да не спречи. Ќе бидеме цврсти и ќе си докажеме дека на „Златната средба – 50 годишнината“ ќе бидеме најбројни. Ќе ги победиме сите наши предизвици за срдечна и пријатна атмосфера“.
Со едно Ваше телефонско јавување ќе го потврдите вашето присуство.
Контакт телефони:
Никола Савев 070-354-848
Петре Ефремовски 072-532-537
Даница Георгиева 076-580-541
Љубица Иванова 072-279-210
Станка С. Ангелова 075-799-322
Стефчо Лазаров 071-494-377
Собирот ќе биде во дворот на Гимназијата од 11:00 – 12:00 часот.
Класниот час ќе се одржи од 12:00 – 13:00 часот
Ручекот е закажан за во 14:00 часот во Ресторан „Амор“ во Кочани.
Да се собереме и да се дружиме
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.