„ЗЕЛЕНА КУЌА“ ДООЕЛ – КОЧАНИ, ИЗВЕСТУВАЊЕ

октомври 13, 2022
1 минути

Почитувани,

По одржаните состаноци на 04,10,2022 и 07,10,2022 со Генералниот и Финансискиот директор на ЈКП „ВОДОВОД“ Кочани за нова цена на геотермалната вода, не успеавме да дојдеме до заеднички договорена цена која би била прифатлива и економски исплатлива за двете договорни страни.

Цената која се нуди од страна на КЈП „ВОДОВОД“  Е  ДАЛЕКУ ОД РЕАЛНАТА иако тие на вториот состанок не известија дека треба да поминат на регулиран пазар за набавка на електрична енергија која е главен нивни трошок и причина за зголемување на цената.

Ние како правен субјект по понудените цени на геотермалната вода не сме во можност за користење на истата.

Не постои никаква економска оправданост за користење на геотермалната вода како енергенс.

Со почит

13.10.2022 год.

Зелена Куќа ДООЕЛ

Mенаџер: Николче Атанасов