Во периодот од 13 до 19 Јуни „градот на оризот“ ќе биде домаќин на „Зелена недела 2016“ во која учество ќе земе локалното население на Кочани.

Во Вторник и Среда веќе се одржаа интерактивни работилници со дечиња на возраст од 06 – 12 години во училиштето „Brain o Brain“.

На првата интерактивна работилница се работеше на справување со отпадот, како и начинот за негова реупотреба или селектирање, додека на втората интерактивна работилница се работеше на штедењето на енергија.

По завршувањето на работилниците на учесниците на им беа поделени ЛЕД светилки кои како пример си ги однесат дома со што на некој начин би влијаеле кај нивните родители за користењето на штедливи светилки.

„Зелена недела 2016“ продолжува во Сабота на локацијата Брана „Гратче“ и во Недела во ДГ „Павлина Велјанова“.

С. Ивановски

2

10

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари