ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ДИВЕЕЊЕТО ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА

октомври 13, 2022
0 минути

Пред половина година во дворот на училиштето „Никола Карев“ група ученици на големиот одмор дивеејќи ја излупија кората на едно од посадените дрвца, а како плод на нивното тогашно однесување се денешните фотографии на кои се гледа дека дрвцето почнало да се суши.

Тогаш спомнавме како и овој пат „група ученици“, но нивниот класен раководител кој очигледно не ги поминала часовите за да ги воспитува учениците како треба да се однесуваат и надвор од училницата наместо да поразговара со учениците за она што го направиле тој ги убедувал дека требало нивните родители да поднесат тужба против оној што го објавил ова нивно „дело“.

Денес се гледа што стана од дрвцето во училишниот двор, затоа ние сега го повикуваме истиот тој класен раководител (ниту го знаеме, ниту не интересира кој е) тој на местото на исушеното дрвце да посади ново, со тоа ќе го испере донекаде она што како воспитна мерка заборавил да им го каже на учениците.

С. Ивановски